Македонија

Поднесен Предлог-законот за пратеник да смее да има само македонско државјанство

Пратеник само со македонско дравјанство

Пет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон по брза постапка македонските народни избраници да имаат само по една државјанство односно само македонско. Потписници на предлог законот се пратениците Антонио Милошоски, Никола Месецски, Игор Здравковски, Бојан Стојановски и Петрушевска Марија.

Ова следи откако Милошоски, ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека поседува бугарски пасош и учествувал на изборите во Бугарија, оценувајќи ги како невистини и политичка манипулација.

„Да биде јасно: отсекогаш имам само македонски пасош. И ова не е првпат СДСМ и нивните гласноговорници да пласираат вакви невистини“, напиша Милошоски.

Тој обвини дека раководството на СДСМ е во сериозен внатрепартиски раздор и наместо да се справи со сопствените проблеми, како што вели, продолжува со напади и дискредитации.

„Наместо да понудат решенија за државните предизвици, тие се занимаваат со измислици и очајни обиди за дефокусирање од сопствената одговорност“, наведува Милошоски.

Во реакцијата, тој потсети и на предлог-закон од 2021 година, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се предвидуваше пратениците да немаат друго државјанство освен македонското, посочувајќи дека тогашното парламентарно мнозинство на СДСМ и ДУИ не го поддржало.

Претходно, СДСМ обвини дека повеќе функционери од ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши и гласале на изборите во Бугарија, поставувајќи прашања за нивниот политички став и очекувања од новата влада во Софија.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top