Хроника

Напната ситуација во Чаир: Полицајците биле принудени да пукаат

Од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности и одговорни лица.

Вистинска драма се одвивала вчера попладнево во скопската општина Чаир, каде тројца полициски службеници биле спречени да го приведат осомничено лице, по што биле принудени да испукат предупредувачки куршуми во воздух.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 23 април околу 18:45 часот. Полицајците вршеле службени дејствија за приведување на лице кое се бара поради сомнение за сторено кривично дело.

Во тој момент, група од околу десетина лица се вмешала и активно почнала да ги спречува полициските службеници во извршување на нивната задача. Бидејќи лицата не ги почитувале наредбите, полицајците биле принудени да испукат предупредувачки куршуми во воздух.

Од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности и одговорни лица.

Најнови вести од: Хроника

Тежок случај на семејно насилство: Маж со нож и куче ги нападнал сопругата и децата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец, осомничен за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и предизвикување општа опасност, по тежок инцидент на семејно насилство што се случил синоќа во неговиот дом.

To top