Македонија

Ченто: Пресудата за 27-ми април е донесена врз основа на монтирана постапка, со притисоци врз сведоци

Според Ченто, ова не е обичен случај, туку, како што вели, станува збор за основано сомневање дека биле користени незаконити докази, дека се вршел притисок врз сведоци и дека е донесена пресуда врз основа на монтирана постапка. Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд. Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот, кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

Стоиме пред вас како луѓе кои 8 години се соочуваат со системска неправда, истакна Јане Ченто кој поднесе кривична пријава против поранешниот јавен обвинител Вилма Рускоска за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба и овластување.

-Доставивме докази до Јавното обвинителство поврзани со случајот 27-ми април кој сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој беше водена истрагата и текот на судскиот процес. Доказите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во таа постапка, меѓу брат на еден висок функционер и сведок, на можни договори со обвинителот, како и насочување за сведочењето кое го даде сведокот во таа постапка. Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека на истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ, рече Ченто.

Посочи дека дополнително, постои и вештачење од овластен судски вештак на мобилни телефони, кое ја поткрепува изјавата на сведокот заверена кај нотар. Ченто го повика ЈО темелно да ја разгледа кривичната пријава и доставените докази. Според Ченто, ова не е обичен случај, туку, како што вели, станува збор за основано сомневање дека биле користени незаконити докази, дека се вршел притисок врз сведоци и дека е донесена пресуда врз основа на монтирана постапка. -Ова денес не е политичка изјава, туку чекор заснован на документи и сериозни сомнежи за сторени кривични дела. Сите докази со кои располагаме се доставени до Јавното обвинителство и очекуваме тие да постапат професионално и без одлагање – рече тој.

Од Јавното обвинителство велат дека пријавата ќе биде примена и ќе се проверат наводите. -Како и секоја пријава ќе биде примена и ќе се проверат наводите – велат оттаму. 

Апелациониот суд минатата недела донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година. -Жалбата е неоснована. Судот го ценеше жалбениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеното решение не содржи такви недсостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот, се вели во одлуката на Апелација, која е потврда на решението на Кривичниот суд од декември.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Премиерот вели дека ќе се разговара со дистрибутерот за продолжување на попустот на горивата

Со ОКТА ќе разговараме оваа недела, сè уште не сме ја отвориле темата, но ќе разговараме оваа недела, ќе разговараме и со министерката за енергетика и, се разбира, во рамките на можностите ќе направиме сè да продолжи тој попуст, рече премиерот.

Јанкуловски: ЕУ е како Советскиот Сојуз во 1991 – на работ на колапс!

„Затоа не изненадува многу мемето (духовитата досетка), што кружи веќе некое време во ЕУ – „ЕУССР“. ЕУ почнува да личи на Советскиот Сојуз. Постојат многу заеднички точки меѓу Европската Унија и Советскиот Сојуз.“ – пишува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна, која ја објави информативната агенција Нетпрес.

Муцунски: Задача ни е Македонија сама да си ја пишува приказната, да не чека другите да ја дефинираат! – ЕУ ни е средишна оска на надворешната политика!

– Достоинство – затоа што националниот интерес не се брани со агресивна реторика, туку со јасни позиции, силни аргументи и институционална сериозност. Резултати – затоа што граѓаните со право очекуваат надворешната политика да носи видлива корист: инвестиции, безбедност, работни места, полесно патување и поголем углед во светот. Визија – затоа што државата мора да знае каде сака да биде за пет, десет и дваесет години. Не смееме само да реагираме на туѓи агенди. Мора да имаме сопствена – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски пред пратениците Комисијата за надворешна политика во Собранието на Републик Македонија.

Игор Ангелов-Ќосето: 27 април е симбол за политички осуденици, корумпирани судии и велепредавство

Осудениот за настаните од 27 април, Горан Ангелов-Ќосето, со низа остри обвинувања ја одбележа 9-тата годишнината од упадот во Собранието, оценувајќи дека овој датум е „синоним за неправилно осудени, селективна правда и нееднаквост пред законите“.

Мицкоски за притисокот на Филипче за уставни измени: Голтарите, кои станаа милионери, сакаат пак да ја клекнат Македонија на колена!

Тврдењата на опозициската СДСМ дека уставни измени треба да се направат по секоја цена, според премиерот Христијан Мицкоски говори дека оние кои веќе еднаш тоа го направиле, а притоа ништо добро на државата не и донеле, сега без нималку срам на македонските граѓани им велат дека уште еднаш ќе ги клекнат на колена, ќе чепкаат по нивната душа со цел да заработат уште некој милион со тоа што ќе потпишат се што ќе им дадат. „ Само неколкумина од голтари станаа милионери, денеска без нималку срам излегуваат пред македонските граѓани и велат уште еднаш ќе ве клекнеме на колена ако ни дадете можност, уште еднаш ќе играме на вашето достоинство, уште еднаш ќе чепкаме по вашата душа, ама ние уште еднаш ќе заработиме по некој милион и ако бел лист хартија ни стават на маса ќе го потпишеме.“ – посочи Мицкоски.

Најнови вести

To top