Хроника

Акција на МВР околу незаконскиот интернет-пазар „OLVX“ во тетовска Голема Речица – ФБИ од САД вклучени во случајот

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Секторот за компјутерски криминал продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на случајот, заради идентификација на сите вмешани лица и обезбедување релевантни докази, согласно со важечките законски прописи.

-Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени и содржел детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и продавачи, при што биле евидентирани над 2.600 кориснички сметки и над 1.500 сметки на продавачи. Вкупната продажна вредност на артиклите надминува 500.000 американски долари, информира МВР.

Во рамки на постапката, а врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Тетово, извршен е претрес на територија на Општина Тетово, с. Голема Речица кај осомничените А.Е. (20) и А.И. (23), македонски државјани, за кои постојат основани сомненија дека се администратори на наведениот онлајн пазар. -За време на извршување на претресот тие се затекнати на лице место во вршење на кривично дело за кое се сомничат и при тоа се одземени десктоп компјутери, лаптоп компјутери и телефони кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа и ќе послужат како доказ во кривичната постапка, а лицата се лишени од слобода, истакнуваат од Министерството.



Најнови вести од: Хроника

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Според полицискиот билтен, синоќа околу 20 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.

To top