Македонија

Стефковски: Мораториум за нови градби во скопска Автокоманда

Последиците од неодговорното урбанистичко работење во минатото ги чувствуваме денес, вели градоначалникотт на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски

 

„Ова е чекор кон хумана урбанизација и подобар животен стандард за жителите. Последиците од неодговорното урбанистичко работење во минатото ги чувствуваме денес.

Затоа мораме да донесуваме храбри и одговорни одлуки – во интерес на граѓаните и одржлив развој на нашата општина“, објави Стефковски на Фејбук.

Како што образлож, на просторот на Градска четврт ССИ 09 – Автокоманда, во изминатиот период беше дозволена изградба на нови објекти и надградба на постојни станбени згради согласно со важечките Детални урбанистички планови.
Со ова значително се зголеми бројот на жители, а со тоа и притисокот врз водоводната мрежа, јавниот паркинг и квалитетот на живот во населбата“.

„ На вчерашната седница на Советот на Општина Гази Баба, по моја иницијатива, беше донесена Одлука за начинот на применување на ДУП-овите во просторот на Градска четврт ССИ 09.

Со оваа Одлука:

– Се прекинуваат сите постапки доставени преку системот е-дозволи за подготвителни работи и издавање решенија за градба;

– Одлуката се однесува на територијата опфатена со деталните урбанистички планови во оваа четврт;

– Не се однесува на барања за реконструкција или адаптација;

– Ќе важи во времетраење од една година од денот на нејзиното донесување.

Градоначалникт Стефковски воедно со апел и барање, Град Скопје и ЈП Водовод и канализација итно да превземат мерки во насока на надминување на проблемот со недостатокот на вода во урбаниот дел од општината и тоа во Автокоманда, Железара, Маџари, Ченто и Хиподром!

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

To top