Македонија

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

На седница на Советот на Општина Битола на дневен ред е завршната сметка и годишниот извештај за 2025 година. На почетокот на седницата се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој се осврна на проектите спроведени во 2025 година за кои рече дека се 100% реализирани. Тој рече дека е направена градежна офанзива и заклучно со четвртиот квартал реализирани се капитални расходи во износ од 411.187.922 денари.

  • Фокусирани бевме на многу проекти, имаше кочења, имаше избори, но успеавме да бидеме подобри од било кога и од едно време кога локалната самоуправа ја водеше сегашната опозиција – рече Коњановски.

Меѓу сработените проекти, тој ги наведе изградба на градинка во АРМ, реконструкција на уличното осветлување на Никола Тесла, реконструкција на водоводна мрежа на улицата Нико Фундали, реконструкцијата на коловоз на улицата 8 Септември, односно булеварскиот влез на Битола, изградба на коловоз на патот до црквата во село Крклино, изградба на коловоз на улица кај Дулие, реконструкција на улицата Солунска, изградба на атмосферска и фекална канализација на улицата СТУ 3 во АРМ четврт 1, изградба на велосипедска патека, реконструкција на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе, реализација на објектот на противпожарната единица во старата касарна, како и голем процент на реализација во програмата за енергетска ефикасност – освен сончеви панели во неколку училишта, ОУ „Стив Наумов“ доби енергетски ефикасна фасада.

  • Во капиталните расходи имаме значително зголемен процент на реализација во споредба со периодот од 2018 до 2021 година кога реализацијата била од 38,17 до максимум 64,21 процент, а во последните години од нашиот прв мандат се движеше од 71,52 до максимум 77,38 проценти. За 2024 процентот на реализација беше 72,75 проценти. Не е оправдување, но е факт дека и 2024 и 2025 година беа изборни години, а тоа значи намалена активност согласно Изборниот законик. Но, и во таква ситуација бројките кажуваат дека сме биле подобри од една друга локална самоуправа што ја водеше Битола – рече Коњановски.

Тој додаде дека планираните даночни приходи се остварени со над 100 проценти, планираните неданочни приходи се остварени со 76,55 проценти, кај планираните капитални приходи остварувањето е 82,72 проценти, планираните трансфери и донации се со 49,69 проценти или вкупните приходи на општина Битола во 2025 година се реализирани со 73,16 проценти.

Извршувањето од буџетската сметка за сите програми е 73,16 проценти и е во рамки на процентот во кој се движи Општината во годините на ова раководство со локалната самоуправа. Согласно програмската класификација во буџетот се опфатени 34 програми. Вкупните расходи бил планирани на 1.464.825.712 денари, а реализирани се 1.071.722.119 денари.

  • Позитивните резултати во 2025 година се и благодарение на соработка со јавните претпријатија, а постигнатото го реализиравме со општинската администрација, за што ја искажувам својата благодарност за посветеноста кон работата – рече Коњановски.

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top