Македонија

Брат силувал сестра во Гостивар

Четиринаесетгодишно момче кое ја силувало својата помала сестра (13) додека нивните родители не биле дома го потресе Гостивар

 

Силувањето се случило два пати во февруари годинава, а момчето се товари за кривично дело – родосквернавење, соопштија од Основното јавно обвинителство Гостивар.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРСМ.

„Детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принудил на сексуални односи“, соопшти обвинителството.

Од Основното јавно обвинителство во Гостивар соопштија дека имајќи ги предвид законските основи и особено потребата од заштита на жртвата, јавниот обвинител достави и посебен предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

Од МВР информираа дека на 28.04.2026 во 09:20 часот во Гостивар, полициски инспектори од ОВР Гостивар, во присуство на социјален работник, лишиле од слобода малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека полово ја вознемирувал и извршил полови дејствија над неговата малолетна сестра.

Во службен разговор во присуство на претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Гостивар, малолетничката појаснила дека вознемирувањето започнало пред околу една година преку пораки со непристојна содржина, а подоцна продолжило со физички допири и обиди за присилување на сексуални односи.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): 3,3 милијарди евра во наредните 5 години за сериозни капитални проекти

Вкупната вредност во моментот е 3,3 милијарди евра за следните 5 години. Ова е сериозна бројка, повеќето се проекти поврзани со градежништвото, над 600 милиони евра годишно. Ќе треба да се организираме и мобилизираме да можеме да ги реализираме овие проекти. Како Влада, ќе сториме сè за да обезбедиме финансирање, а делот на реализација што треба да го зголеми БДП не зависи само од Владата, туку и од проектниот менаџмент на изведувачите – рече Мицкоски.

Опозицијата сака отворање нови рудници, ама да не биле со Западен капитал

Темата за рударството се актуализираше откако преку Стратешкиот дијалог со САД беа обезбедени средства за геолошки истражувања за антимон кај Крива Паланка. Од СДСМ иако велат дека не се против рудници, изразија незадоволство за проектот за антимон и побараа граѓанско изјаснување. Каја Шукова од СДСМ во телевизиско гостување во „Топ тема“ неодамна истакна дека како поранешна министерка за животна средина таа генерално никогаш не била против рудниците, но исто како и пратениците од Левица и Шукова сподели грижа околу работата на инспекциските служби.

Сиљановска-Давкова: Ние сме дел од Европа и таму ни е местото, но бараме третман како и за сите, за да се концентрираме на реформи, а не на ирационални прашања!

Швајцарија не е членка на Европската Унија, но таа ги исполнува сите Копенхашки критериуми и има извонредна соработка со Европската Унија.

Креативен ден Битола 2026: Преполна сала, млади таленти и моден спектакл инспириран од филмот (ВИДЕО)

Во преполната сала на Домот на културата во Битола, вчера се одржа петтиот „Креативен ден 2026“ – настан кој уште еднаш потврди дека младите креативци, модата и образованието можат да создадат вистински спектакл.

Филков: Изгубената партија СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство и само на збор се залага за европска иднина!

Поради отсуството на СДСМ беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните, изјави министерот за правда Игор Филков. „Ова е доказ дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно. – нагласи Филков.

Манасиевски: Изјавата на Земон дека „Делчев не е битен за македонскиот идентитет“ е потврда дека на СДС не им е гајле за Македонија, за македонскиот народ и идентитет! (Видео)

„Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет. Ова не е личен став само на Филипче, туку е образец на СДС. Околу ова СДС постојано тежнее: кон релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции и целосна рамнодушност кон она, за што генерации Македонци се бореле и се жртвувале. По ова јасно се гледа дека на СДС воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ.“ – истакнува Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ, изнесувајќи ја острата реакција на оваа партија по контроверзната изјава на Рубин Земон во разговор со бугарскиот новинар Атанас Величков, професорот Иван Динев Иванов и водителот на потпоткастот „Коридор 8“ Георги Станков.

To top