Македонија

Најчевска: 2001 е чин на терор според правото, сега е време да започнат постапки против водачите на терористичките групи, овие дела не застаруваат!

Професорката Мирјана Најчевска реагираше со објава на својот фејсбук-профил по коментарот на Арбен Таравари дека „УЧК и нејзините борци не се терористи“ и неговото барање „веднаш да се смени натписот“ на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ за загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година.

Натаму Најчевска преку општествената мрежа наведува: „Тоа што се случи во 2001 година беше акт на терор според нашиот Кривичен законик и според меѓународното право.“

„Тоа што водачите на терористичката група не беа соодветно процесирани и казнети е заслуга на ДПМНЕ и Груевски.“

„Меѓутоа не е доцна. Овие дела не застаруваат.“


„Сега е време да започнат постапки. Ако зборуваме за владеење на правото.“ – пишува Мирјана Најчевска. 

 

Најнови вести од: Македонија

Шилегов: Филипче треба да поднесе оставка, поради катастрофалниот рејтинг! – Сосила не може да му се даде памет!

„Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет!“ – изјави Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Димитриеска-Кочоска: Неопходно е внимателно управување, силни институции и примена на фискалните правила

Фискалната стратегија во претстојниот период ќе се соочи со сложена задача да го усогласи потребното стеснување на буџетот со стимулацијата за економски напредок. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, нагласи дека за ова е потребно претпазливо управување, цврсти институции и строго почитување на фискалните прописи.

Вандализам во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип: цртани нацистички свастики, демолирани тоалети, оштетени кабинети по предметна настава!

„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата, која два часа вршеше увид во објектот.

To top