Македонија

Таравари му останува верен на Ахмети, во Гостивар со заеднички кандидат

Крилото на Алијанса за Албанците на Таравари и ДУИ ќе застанат зад досегашниот градоначалник Валбон Лимани

За разлика од Зијадин Села, кој ја напушти Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, шефот на друго крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вели дека останува дел од НАИ.

Тој ја отфрла можноста ДУИ да претстави свој кандидат за градоначалник на Гостивар на повторените избори во почетокот на 2026 година, бидејќи цензусот не беше постигнат во првиот круг од минатите локални избори. Таравари нагласува дека постои договор дека заеднички кандидат на АА и на ДУИ повторно ќе биде актуелниот градоначалник Валбон Лимани, кој го наследи Таравари на оваа позиција откако беше избран за министер за здравство.

„Имаме договор, заеднички кандидат за Гостивар ќе биде Валбон Лимани, кој победи со 17.000 гласови наспроти 4.200 и му недостигаа само 21 глас за да го достигне цензусот. Оваа тема е одамна решена“, вели Таравари за „Фокус“.

Тој нагласува дека ако победата во Гостивар била 4:1 во првиот круг, разликата во корист на неговиот кандидат Исен Шабани била уште поголема во општина Врапчиште, каде што ќе се одржат повторени избори, заедно со уште две општини, Центар Жупа и Маврово-Ростуше.

Најнови вести од: Македонија

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво

Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со интензивни контроли и ќе ги преземаат сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законските прописи.

Премиерот Мицкоски упати честитка по повод 23 мај – Националниот ден на Власите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати официјална честитка по повод 23 мај – Меѓународниот ден на Власите, изразувајќи им искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови.

Муцунски: Мора да се спротивставиме на надворешните влијанија на Балканот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите два дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска.

To top