Македонија

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

24.04.2026 – 29.04.2026

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO 2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Производството запира доколку филтрите не работат

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина

Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Контакт e-mail: contact@usje.mk

Најнови вести од: Македонија

Пркосот на масакрираната „Македонска сончева колона“ од Ваташа кон бугарските фашисти на 16.6.1943: Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!

На денешен ден, на 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемото злосторство врз македонскиот народ за време на Втората светска војна во Македонија, покрај Дабничкиот колеж. Со намера да го спречи големиот подем на народно-ослободителното движење во Македонија, а сѐ во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ масакрира и стрела 12 Македонци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години. Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година започнува со офанзива за уништување на партизаните. Но, откако доживува неуспех, се нафрла и на мирното население. Врвот на бугарските погроми над цивилното македонско население е ваташкиот масакр „во чест“ на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ. Дали и кога ќе дојде бугарски претседател, или премиер, во Ваташа да клекне пред масакрираните Македонци и да побара прошка во име на бугарската држава и народ, како што стори германскиот канцелар Вили Брант на 7.12.1970 пред споменикот на Евреите од Варшавското гето во Варшава, стрелани од германските фашисти? Тој дождлив ден германскиот канцелар Брант беше клекнат на колена само 30 секунди, но во таа половина минута испиша ново поглавје во германската историја. Дали може и бугарски политичар да испише денес ваква нова страница, вакво нови поглавје во нивната бугарска национална историја, засебна од македонската историја? Па дури тогаш да започне вистинска, нова ера на вистински македонско-бугарски добрососедски односи со заемно разбирање, признавање и пријателство?

To top