Македонија

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

Во соработка со ОЈО за ГОКК и МВР на 30.04.2026 г. беше спроведена акција за лишување од слобода на лица и претреси на објекти со цел ефектуирање на кривичен прогон и елиминирање на идни активности на терористичката групација.

АНБ останува посветена на планот на превентивно делување и попречување на ризици и закани по националната безбедност преку навремено обезбедување на информации и преземање на активности во соработка со други надлежни институции од земјава.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

(Фото): Синдикален марш: 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, мал број излегоа на протест

ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места. Предупредија дека состојбата е сериозна. Само во 2025 година 31 работник заминал на работа и не се вратил дома.

Поранешниот градоначалник на Струмица „заработи“ кривична пријава, поради сомнеж за злоупотреба на овластувањата – потпишал изградба на дивоградба!

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“

Приведени седуммина за обидот за палење на синагогата на Еврејската заедница во Скопје, одреден притвор за двајца поради сомнеж за „тероризам“

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 5 часот изутрината. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност. Беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

Најнови вести

To top