Македонија

Во понеделник нови цени на горивата, се очекува Македонија да остане со најефтин бензин и дизел во регионот

Македонија и следната недела се очекува да има најниска цена на горивата во регионот

Македонија и следната недела се очекува да има најниска цена на горивата во регионот.Иако, во текот на измината недела нафтата достигна и рекорд над 120 долари за барел, мерките придонесоа ова поскапување да не го почуствуваат македонските возачи и превозниците. Според последните пресметки се очекува цените на горивата да останат стабилни.

„Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ за бензините, 95 и 98 октани на 10%, остануваме на мерката намалени акцизи, просекот кој што е на плац Флоп италија, ќе значи намалени акцизи за 2 денари литар, а за дизелот ќе значи 4 денари за литар. А, што се однесува кај ДДВ-то за дизел горивото тоа ќе остане на 18%, и со тоа нашето дизел гориво е од 30 до 50 евроценти по литар поефтино од дизел горивата во соседството денес. А, очекувам од понеделник да биде уште поефтино“, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.

Во моментов цените на горивата кај нас се поефтини во просек по 15 денари во однос на цените од Балканот. По излегувањето на Обединетите Арапски Емирати од ОПЕК+ и одлуката самостојно да произведуваат нафта цените на светските берзи се намалија од 120 на 110 долари за барел. По последното писмо кое Иран го испрати до САД за надминување на кризата, дополнително цената на нафтата, во петокот ја достигна цената од 108 долари за барел, со тенденција за понатамошно намалување од понеделник.

Саудиска Арабаија, Русија и уште пет земји од ОПЕК+ најавија состанок на кој ќе се договорат квотите за производство на нафта и ќе заземат став по едностраното заминување на Емиратите.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top