Македонија

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Оваа акција, која веќе прераснува во традиција, повторно е предупредување дека е потребна  посериозна грижа и заштита на Охридското Езеро. И покрај редовните активности на нуркачите, состојбата не се менува: отпадот и натаму завршува на езерското дно.

Охридското Езеро е едно од најстарите езера во Европа и се одликува со исклучително богата биолошка разновидност, вклучувајќи бројни ендемични видови, кои претставуваат природно богатство од непроценливо значење.

Чистењето на езерото е неопходно, но спречувањето на загадувањето е уште поважно. Повременото извлекување на отпадот од водата не може трајно да го реши проблемот, ако не се преземат мерки да се спречи негово повторно фрлање.

Заштитата на Охридското Езеро не смее да биде само обврска на нуркачите и институциите, туку одговорност на сите, што живеат покрај него и кои го посетуваат.

 

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top