Македонија

И денеска дождливо време

Обилните врнежи во изминатото деноноќие најмногу ја зафатија Гевгелија, каде до 7 часот утрово биле измерени 29 литри дожд на квадратен метар

По дождливата ноќ, и денеска на повеќе места во Македонија се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално може да бидат поинтензивни, а наместа ќе наврнат и до 15 литри на квадратен метар.

Обилните врнежи во изминатото деноноќие најмногу ја зафатија Гевгелија, каде до 7 часот утрово биле измерени 29 литри дожд на квадратен метар.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Берово наврнале 16 литри на квадратен метар, додека во Прилеп, Демир Капија и на Попова Шапка се регистрирани по 10 литри. Во Претор и Струмица се измерени по 9 литри, во Маврови Анови 8, а во Скопје-Петровец и Куманово по 6 литри на квадратен метар.

Утринските температури денеска ќе се движат од 6 до 11 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 12 до 17 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, со минимална температура од 7 и максимална до 16 степени.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, 3 ноември, кога локално се очекува да наврнат и над 20 литри дожд на квадратен метар. Температурите ќе останат релативно ниски, а времето ќе биде претежно облачно.

Најнови вести од: Македонија

To top