Македонија

Мицкоски: Македонскиот јазик е темел на нашата самобитност и иднина!

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, премиерот Христијан Мицкоски упати честитка во која ја нагласува важноста на јазикот како клучен столб на националниот идентитет и културното наследство.

– Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и чувар на колективната меморија. Во него се вткаени борбите, надежите и стремежите на генерации – порача Мицкоски.

Тој истакна дека обврска на сите е да го негуваат и унапредуваат македонскиот јазик, како во земјава, така и на меѓународно ниво. – Нашата должност е јасна – да го чуваме, развиваме и достоинствено претставуваме македонскиот јазик. Во време на предизвици, потребни се единство и верба во вредностите што нè дефинираат – нагласи премиерот.

Мицкоски додаде дека државата останува посветена на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик како неотуѓиво културно и историско наследство. – Јазикот е наша заедничка обврска, но и наша заедничка иднина. Преку него ја чуваме душата на народот – стои во пораката.



Најнови вести од: Македонија

(Фото): Летово најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат подготвени за брз одговор

Артан Демири од Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир рече дека располагаат со повеќе возила и можат да помогнат при пожари и други елементарни непогоди, додека претседателот на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, Златко Илиев, посочи дека најголем проблем претставуваат финансирањето, набавката на опрема и високите давачки за увоз на возила.

Пенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс

Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков.

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот закон

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Ако биде постигната согласност во Парламентот за Изборниот закон, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за Македонија во контекст на реформските процеси.

To top