Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: „И по Заев – Филипче“ или ништо ново во СДСМ

Актуелниот лидер подготвен да оди чекор понатаму со сервилноста и отстапките во трката за власт по секоја цена

Во СДСМ ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев во предавничките политики и е подготвен да го надмине Заев во сервилноста само поради една цел, да остане на тронот во СДС и да добие власт, се вели во денешното соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче целосно ја следи политичката линија на Заев, а секоја негова изјава и постапка го потврдува тоа, Филипче е трет после Заев и Ковачевски кој без двоумење е спремен да ги продолжи истите одлуки и чекори кои ја доведоа Македонија во подредена состојба, во однос на Бугарија и блокада на Европскиот пат.

Од што е толку исплашен Венко Филипче, што по секоја цена се обидува да ја зачува позицијата во СДС па дури е спремен и на национални и идентитетски отстапки кои задираат во идентитетот и се на штета на државата? – се вели во соопштението.

Во него потсетуват дека „Филипче од пред гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт изјави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници, каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот.

Филипче се прави дека ништо не видел, и не слушнал и ги игнорира проблемите. Филипче заборава дека токму погрешните политики на СДС како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, Францускиот предлог, се целосна вина на СДС за што сега Македонија се наоѓа во позиција да биде уценувана и блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ.

Филипче нема црвени линии и нема концепт и стратегија. Филипче само ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

На Македонија и се потребни политичари кои имаат план, стратегија и визија за државата и кои ги штитат државните интереси, СДС и Венко Филипче не го нудат тоа“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата на неговата сопруга и ќерка

Тој е обвинет за три кривични дела: Телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот

Регионална министерска конференција за демографските предизвици

Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел сесии со учество на министри, заменици-министри и  претставници на меѓународни организации

Рокас повика на политичко обединување за напредок кон ЕУ

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, повика на поголемо политичко обединување и меѓупартиска соработка за да се завршат неопходните чекори за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

To top