Македонија

Советот на Европа бележи дека Македонија има „умерена пренатрупаност“ на своите затвори и 143 затвореници на 100 илјади жители

Според Марсело Аби, професор на Универзитетот во Лозана и раководител на истражувачкиот тим, што го изготви извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ), „пренатрупаноста сериозно ги поткопува условите за живот на затворениците и напорите за нивна рехабилитација од страна на затворските администрации“.

Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска. Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, Македонија со 101 затвореник на 100 расположливи места е во групата на држави со „умерена пренатрупаност“, заедно со Хрватска (110), Ирска (105), Шведска (105), Унгарија (104), Азербејџан (103), Финска (103) и Турција (102). Ова го објави информативната агенција Нетпрес во својата информација со наслов „Советот на Европа бележи пораст на пренатрупаноста во европските затвори – Македонија е со ‘умерена пренатрупаност“.

Натаму агенцијата наведува: „Сериозна пренатрупаност“ е забележана во затворите во шест европски земји, меѓу кои „предводник“ е Словенија со 134 затвореници на 100 места, пред Кипар со 132, Франција со 124, Италија со 118, Романија со 116 и Белгија со 113 затвореници. Според податоците на СПАЦЕ, на 31 јануари 2024 година во затворите во надлежност на 51 затворска управа во земјите-членки на Советот на Европа имало 1.021.431 затвореници, што претставува просечна стапка од 105 затвореници на 100 илјади жители. Врз основа на овој податок Македонија е на 15-то место со 143 затвореници на 100.000 жители. Најмногу затвореници има Турција – 356 на 100.000 жители, пред Азербејџан со 264, Грузија со 261, Молдавија со 235, Полска со 202, Унгарија со 195 и Албанија до 192 затвореници на 100.000 жители.

Извештајот бележи дека од 31 јануари 2023 до 31 јануари 2024 година просечната стапка на затворска популација во Европа се намалила од 116,2 на 115,1 затвореници на 100.000 жители. Во посочениот период Македонија бележи раст на бројот на затвореници за 0,2 проценти. Осум држави бележат намалување на бројот на затвореници. Сите останати европски земји имаат поголем раст на затвореници од нашиот. Најголем раст од дури 25,4 проценти има Словенија, пред Шведска со 15,5, Малта со 11,1, Србија со 9,4, Хрватска и Азербејџан со по 8,3 отсто.

Над една четвртина од лицата задржани во европските затвори во периодот од 31 јануари 2023 до 31 јануари 2024 година биле во притвор. Во Македонија стапката на притвореници меѓу вкупниот број лица лишени од слобода изнесувала 12 проценти, што е повеќе од половина помалку од европскиот просек. Најголема стапка на притвореници од 58 отсто им Албанија, пред Ерменија со 53, Црна Гора и Луксембург со по 47. Околу 16 проценти од затворениците во европските затвори биле странски државјани, при што и во оваа категорија Македонија е на дното на табелата со 7,1 отсто затворени странци. Најмногу странци има меѓу затворениците во Луксембург дури 75 отсто, пред Швајцарија со 72, Кипар со 58 и Грција со 54 проценти.

Просечната возраст на затворениците во европските казнено-поправни установи била 37 години, при што во просек највозрасни затвореници имала Грузија со просечна возраст од 44 години, пред Италија, и Португалија со по 42 години. Во просек најмладата затворска популација имала Литванија од 32 години, пред Шведска и Каталонија по 34 и Данска и Франција по 35 години. За Македонија нема податоци за возраста на затворениците. Процентот на жени меѓу вкупната затворска популација во Европа изнесувала 4,9 отсто. Во Македонија таа била под европскиот просек и изнесувала 3,8 проценти. Над една третина (33,6 отсто) од вкупниот број затвореници во Европа се осудени за насилни кривични дела, како убиства, сексуални прекршоци и напади, 16,7 проценти за престапи поврзани со дрога, 12,3 за кражби, 2,9 за сообраќајни прекршоци и 2,4 отсто за економски, или финансиски криминал.

Според раководител на истражувачкиот тим на СПАЦЕ, професорот на Универзитетот во Лозана, Марсело Аби, пренатрупаноста сериозно ги поткопува условите за живот на затворската популација и напорите за рехабилитација на затворските администрации. „Податоците за должината на затворската казна покажуваат дека пократките просечни периоди на притвор имаат тенденција да бидат во корелација со пониските стапки на затворската популација. Иако постојат исклучоци од овој модел, оваа врска ја истакнува важноста на времетраењето на казната, како лост за управување со пренатрупаноста во затворите“ – изјави Аби. Според него, покрај алтернативните санкции на затворската казна, намалувањето на должината на казната, особено за ненасилните сторители и за сторителите на полесни прекршоци, може да биде моќна алатка за намалување на стапките на затвореници.

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат кази за прершителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

МВР со детали: Како е откриено местото каде судијата Ристов криел 350.000 евра?!

На 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов во Неготино. На првиот кат, во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка, во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти од по 500 евра и 225 банкноти од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

Вреди: Судијата Ристов беше дел и од судските одлуки, што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани.

МВР предупредува: Не отворајте лажни смс-пораки, наводно од „Безбеден град“, не давајте лични податоци!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

To top