Македонија

Докази на Обвинителството: Димитровска му праќала одлуки и информации на екс директорот на ТЕЦ Неготино

Докази од вештачењето на телефонот на Димитровска

Одлуки на ДКСК, кој обвинител за што го истражува и зошто му бараат податоци за имотната состојба – обвинителството ги прочита дел од пораките помеѓу поранешната прва антикорупционерка и ексдиректорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ. Обвинителите тврдат дека Димитровска не смеела, но сепак го известувала Стојановиќ какви се одлуките по претставките за него и семејните фирми кои добивале тендери од ТЕЦ Неготино додека тој го раководел. Има куп, многу многу пораки, рече обвинителот Азизи пред судот, но ги читаше само тие од интерес за постапката.

ПОРАКИ ПОМЕЃУ ДИМИТРОВСКА И СТОЈАНОВИЌ

Татјана: Да не имало судир?

Нешо (Небојша Стојановиќ): Ај проверете

Татјана: Да не го грешиме името на фирмата?

Нешо: Хем Алијанс.. Океј не се малтретирај секако е чисто тоа.

Татјана:Од корупција викаат дека нема.

Нешо:Најбитно е ова во ОЈО, за „Брејм коде“, да видиме кај кој обвинител

Татјана: Сега тоа

Нешо: По пријава од ИРЛ е

Татјана: Сега и тоа

Татјана: (следи ПДФ фајл) не споделувај со никој што ти праќам, ова е ДКСК.

Нешо: океј

(Тука доле е прикачен фајлот ПДФ се работи за одлука на ДКСК Иницијатива за поседување постапка за кривично гонење со датум 28.12.2023 година. Се однесува за РКМ – Дооел.)

Беа прочитани и пораки помеѓу Димитровска и колеги во ДКСК и ДЗР, со што заврши презентирањето на екстрахираните податоци од Обвинителството. Тие сметаат дека го докажале товарот на Димитровска за издавање службена тајна, а со претходните и комјутерскиот фалсификат на безбедносен сертификат.

„Сметаме дека истите се споделени, се со една цел, да лицето коешто реално покажува интерес и коешто е поврзан тесно семејно со субјектот којшто е предмет на анализа, реално добива предвремено информации за текот на претстрагата. Исто така, споделени се одлуки коишто реално не се анонимизирани, такви какви што реално може да ги видиме во страницата на ДКСК и со кои што јавноста може да се запознае до одредена, до одредена мера“ рече ФАТОН АЗИЗИ – Обвинител во ОЈО за ГОКК.

Одбраната реагираше дека на минатото рочиште биле прочитани пораки кои не биле од интерес за процесот, со што јавноста пред време ја осудила Димтировска. За пораките со Стојановиќ повторуваат дека сите тие одлуки претходно биле јавно изнесени.

„Јавното обвинителство треба да каже дека токму Небојша Стојановиќ на повик на претходното раководство на ДКСК носел документи, соработувал, имал директен контакт и со претседателот на Државната комисија за спречување корупција, тогаш Биљана Ивановска, а со цел и во насока на веќе започнати постапки“ рече ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ – Адвокат на Димитровска

Судењето во кое освен Димитровска, обвинети се и ревизорот кој полагал тест за безбедносен сертификат и вработена од ТЕЦ Неготино за оддавање службена тајна, продолжува со докази на одбраната. Највија и сведоци.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top