Македонија

Пресудата за тројцата полицајци од Кочани закажана за 5 мај за злоупотреба на службената положба

Првата пресуда за трагедијата во Кочани во вторник

Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен суд Скопје беше заокружено судењето против тројцата обвинети полицајци од Кочани – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Во завршните обраќања Обвинителството побара осудителна пресуда поради неизвршување на службената должност, а одбраната побара ослободување на обвинетите оценувајќи дека вината не е докажана. Пресудата, како што соопшти судот, ќе биде изречена на 5 мај.

Во завршниот збор, јавниот обвинител, Спасенка Андонова, истакна дека во текот на постапката биле изведени многубројни материјални и вербални докази, кои, според обвинението, јасно ги прикажуваат хронологијата на настаните и пропустите на обвинетите како службени лица. Обвинителството смета дека Кире Богатинов и Горан Лазаров во периодот од 7 октомври 2023 до 7 февруари 2024 година не постапиле целосно по анекс-плановите за акциска контрола и не ги извршиле своите службени обврски при составувањето записници за контрола на кабарето „Пулс“ во Кочани.

Обвинителката Андонова нагласи дека обвинетите прифатиле усни претставувања од лице што не било соодветно легитимирано и не побарале потребна документација.

– Од анализата на доказите неспорно произлегува дека обвинетите не ги извршиле своите службени должности, што резултирало со прибавување имотна корист – неповедување прекршочна постапка за правното лице „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани“ – изјави Андонова додавајќи дека ваквите постапки претставуваат суштинска повреда на законските обврски.

Во однос на третообвинетиот Александар Темелков, Обвинителството тврди дека тој, при одобрување на барањата за поведување прекршочна постапка, не ја проверил целокупната документација и покрај тоа што бил должен да го стори тоа, туку ги потпишал и доставил до судот, со што, според обвинението, придонел за незаконитите последици.

Одбраната, пак, во своите завршни зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети. Бранителот на Кире Богатинов оцени дека доказите, наместо да ја потврдат тезата на Обвинителството, покажале дека таа е „неоснована и правно погрешна“. Според одбраната, Обвинителството не успеало да докаже дека е сторено кривично дело, ниту дека постои утврдена имотна корист – како клучен елемент за кривична одговорност.

– Не може да станува збор за неизвршување службена должност бидејќи обвинетите не можеле да прекршат обврска што не постои, како, на пример, барање лиценца, која не била во нивна надлежност – беше истакнато во одбраната.

И двајцата обвинети, Богатинов и Лазаров, во своите лични обраќања пред судот изјавија дека во сите акциски контроли постапувале во согласност со законите и дека не се чувствуваат виновни. Лазаров повторно побара вештачење на записникот за кој Обвинителството тврди дека е негов.

Бранителот на третообвинетиот Александар Темелков оцени дека се работи за „паушален обид“ да се утврди вина и дека со ниеден доказ не е потврдена директна умисла кај неговиот клиент. Темелков, пак, пред судот ги отфрли сите обвинувања изјавувајќи дека дејствувал совесно, стручно и во согласност со законот.

Според обвинението, во периодот од октомври 2023 до февруари 2024 година обвинетите Кире Богатинов и Горан Лазаров како службени лица не постапиле целосно по анекс-плановите за акциска контрола при составување записници, во кои, иако биле евидентирани прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, биле внесени неточни податоци за правното лице кабаре „Пулс“ во Кочани, а третообвинетиот Александар Темелков при одобрување барања за поведување прекршочна постапка не ја проверил целокупната документација и покрај законската обврска, туку ги потпишал и доставил до судот, при што постапките биле водени против неактивно правно и физичко лице, а со ваквите дејства, според Обвинителството, била прибавена имотна корист – неповедување прекршочна постапка за „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани – подружница „Кабаре Пулс“ и за одговорното лице.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top