Генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ вечерва ја урна пропагандата за промебата на уставот која што последниве недели ја шират лидерот на СДСМ Венко Филипче, меѓународниот секретар Андреј Жерновски и партиските портпароли.
Иако Филипче и СДСМ тврдат дека Бугарија е конструктивна и не го нарушува македонскиот национален идентитет а тој наратив го бранат сите функционери на Бихаќка, генсекот на партијата вечерва кажа нешто сосема друго.
Во интервју на вестите на Сител со Славица Арсова, Димитријевиќ директно порача дека Бугарија со децении не го признава македонскиот народ.
Запрашан зошто во СДСМ се сигурни дека уставните измени и влезот на Бугарите во Уставот се последно барање од Софија, Димитријевиќ вели дека со промена на уставот ќе се потврди тезата дека Македонците се посебен народ и ќе се урнат ,,Повеќедецениските бугарски тези за еден народ во две држави”.
Младиот и неискусен генсек на СДСМ практично призна дека и на Бихаќка се свесни дека за Бугарија македонскиот народ е бугарски и живее од двете страни на границите.
Од неговата изјава произлегува дека доколку не се смени македонскиот устав бугарските тези за ,,еден народ во две држави” ќе останат да функционираат во Софија.
Со оваа изјава Димитријевиќ ја урна основната теза на Филипче и СДСМ за Бугарија како конструктивен партнер на Македонија, која се користи во партиската пропаганда на Бихаќка.
Овој дел од изјавата на Димитријевиќ е на од 12та минута во видеото на Сител