Македонија

Не ги заборавајте чадорите дома!

Дденеска, но и до крајот на оваа седмица, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, но со услови за невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи

Прооменливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 л/м²), грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.

Во следните денови во Скопје времето ќе биде променливо со сончеви периоди во текот на денот.

Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top