Македонија

Извештајот на ЕК на заедничката седница на две комисии

Членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ќе го разгледаат Извештајот на Европската комисија за Македонија објавен на 4 ноември

 

Извештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.

Најновиот Извештај на Европската комисија за Македонија за 2026 година беше објавен на 4 ноември 2026 година, а во Собранието расправите за годишните извештаи на ЕК традиционално се одвиваат и на заеднички седници на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.

Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката.

Дебатата ќе се одржи во сала „Голема купола“ во Собранието.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави поевтини станови за брачни двојки помлади од 35 години

Без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, ниту една градежна компанија не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена, најави премиерот Мицкоски.

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top