Македонија

Најчевска: МНР да ги повика амбасадорите на Албанија и Косово и да им врачи протестна нота, поради мешање во внатрешните работи и поттикнување етничко нетрпение и омраза!

„Нашето МНР треба да ги повика амбасадорите на Албанија и Косово и да им врачи протестна нота заради мешње во внатрешните работи на државата и за поттикнување на етничко нетрпение и омраза. Ајде да го воведеме англискиот јазик како официјален јазик во Македонија и сите нека полагаат правосуден испит на англиски јазик.“ – реагира универзитетската професорка Мирјана Најчевска на својот фејсбук-профил.

Најчевска исто така пишува: Присуството на странски државјани на протестите во Македонија е изигрување на членот 8 од Законот за јавни собири. Странци можат да одржуваат јавен собир доколку тоа го пријават и доколку добијат одобрение од МВР. Посебно одобрение.

А амбасадорот на Албанија мора да се викне во МНР и добро да се изриба за дадената изјава. На сите странци кои учествувале на демонстрациите треба да им се изрече забрана за влез во Македонија минимум од една година, наведува Мирјана Најчевска на општествената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top