Најчевска: МНР да ги повика амбасадорите на Албанија и Косово и да им врачи протестна нота, поради мешање во внатрешните работи и поттикнување етничко нетрпение и омраза!
„Нашето МНР треба да ги повика амбасадорите на Албанија и Косово и да им врачи протестна нота заради мешње во внатрешните работи на државата и за поттикнување на етничко нетрпение и омраза. Ајде да го воведеме англискиот јазик како официјален јазик во Македонија и сите нека полагаат правосуден испит на англиски јазик.“ – реагира универзитетската професорка Мирјана Најчевска на својот фејсбук-профил.