Македонија

Јаневска: СДСМ манипулира дека ќе се намалел бројот на студентски стипендии

Да се прејудицира уште од сега дека се намалени стипендиите е чиста манипулација на политичката партија СДСМ, бидејќи бројот на стипендии не е уреден со законско решение, туку се одлучува на годишно ниво, согласно Буџетпт и потребите

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на својот Фејсбук профил рееагираше на соопштението на опозициската СДСМ која обвини дека ќе се намалел нројот на студентски стипендии.

Јаневска тоа го нарече манипулација.

„Министерството за образование и наука постојано работи на подобрување на стандардот на македонските студенти и во ниту еден момент не е поставено прашањето за намалување на вкупниот број на стипендии или укинување на одредена категорија.

Да се прејудицира уште од сега дека се намалени стипендиите е чиста манипулација на политичката партија СДСМ, бидејќи бројот на стипендии не е уреден со законско решение, туку се одлучува на годишно ниво, согласно Буџетот и согласно потребите на државата“ напиша Јаневска во објавата.

Министерката објаснува дека во последните пет години не е исполнета квотата за социјални стипендии, па затоа дел од средствата останале неискористени.

Министерот ги демантираше и тврдењата дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено во законските измени.

Таа најави и ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, за да се намали финансискиот товар на студентите.

Притоа, Јаневска најави дека летово ќе почне реконструкцијата на сите студентски домови во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top