Македонија

Нова шанса за Македонија: Маѓар и Туск предлагаат „Вишеградската група“ да се прошири со земјите од Западниот Балкан, кои не се уште дел на ЕУ!

Премиерите на Унгарија и Полска предлагаат „нова оска за Европа“ – „Вишеградската група“ плус Западниот Балкан, оние држави, кои уште не се во ЕУ, што е нова шанса за македонската евроинтеграција, бидејќи Македонија токму од „Вишеградската група“ добива најмногу вистинска поддршка не само за влегувањето во „евроклубот“, туку и поддршка, која се спротивставува на „добрососедските“ условувања и уценувања за идентитетско-историски отстапки! Новиот премиер на Унгарија заедно со премиерот на Полска најавија дека ќе дејствуваат како „една тупаница“ во Европската Унија. 

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар заедно со полскиот премиер Доналд Туск од Варшава испрати порака дека е време повторно да оживее влијанието на Вишеградската група. Маѓар предложил „В4“ да се прошири и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија. – Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји, можеби скандинавските држави, Австрија, Хрватска, Словенија, Романија и земјите од Западен Балкан, кои уште не влегле во ЕУ – изјавил Маѓар на заедничката прес-конференција со Туск.

Полскиот премиер порача дека Централна и Источна Европа повеќе не се периферија, туку простор каде се решава иднината на континентот. Маѓар изразил надеж дека Унгарија до крајот на своето претседавање во јуни ќе организира самит на Вишеградската група во Будимпешта. Туск директно посочил дека односите меѓу Полска и Унгарија биле нарушени во последните години од владеењето на Виктор Орбан. Сепак, тој нагласил дека со доаѓањето на Маѓар гледа можност двете држави повторно да дејствуваат координирано во Европската Унија.

Петер Маѓар е гарант дека Полска и Унгарија повторно ќе дејствуваат како една тупаница во ЕУ, бидејќи имаме заеднички интереси – изјавил Туск.

Предлогот на Маѓар доаѓа во време кога Брисел бара нови модели за приближување на Западен Балкан кон Европската Унија. Идејата за поширока Вишеградска група би можела да отвори нов политички и економски канал меѓу Централна Европа и Балканот, особено во енергетиката, безбедноста и инфраструктурата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top