Македонија

Висок функционер на СДСМ си даде оставка откако се сретна со бугарски негатор на Македонците

Оставката следува по средбата со човекот кој шири говор на омраза кон Македонците во Софија

Високиот функционер на СДСМ Рубин Земон си даде оставка од партиската функција откако се сретна со бугарски негатор на Македонците.

Земон кој беше најавен како засилување на СДСМ во Извршниот одбор на партијата откако за еден месец направи два инциденти.

Во првиот го навредуваше Гоце Делчев а во вториот се сретнал со лидерот на бугарската Фондација Македонија кој постојано ги навредува Македонците тврдејќи дека се Бугари.

Во објава на Фејсбук Земон дава оставка со цел да го заштити СДСМ.

,,Сакајќи да го заштитам угледот на СДCM од непринципиелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДCM”, објави Земон.

Оставката следува по средбата во Софија

По изјавата за Гоце Делчев, Рубин Земон на средба со Виктор Стојанов, кој има доживотна забрана за влез во Македонија

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: Државата се справи со софистициран сајбер напад врз дигиталната инфраструктура

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, соопшти дека изминатиот викенд државната дигитална инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад.

Oткриени неправилности кај некои откупувачи на овошје и зеленчук

Комисијата за заштита на конкуренцијата продолжува со теренските инспекциски надзори за спроведување на новиот Закон за забрана на нелојални трговски практики. При инспекциските надзори во неколку центри за собирање овошје и зеленчук, констатирани се голем број прекршувања во односите меѓу купувачите и земјоделците.

Како да се открие рак во рана фаза?!

Меланом е сериозна форма на рак на кожа која започнува во клетките што го произведуваат пигментот меланин. Иако не е најчест вид рак на кожа, тој е најопасен затоа што може брзо да се прошири во други органи ако не се открие навреме. Меланомот најчесто се појавува како нова бемка или како промена на постоечка. Затоа, секоја промена на кожата што изгледа необично треба да се следи внимателно.

Муцунски на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара!

Во заднината на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, во Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија Велислава Петрова.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче, чуварот на криминалите на Заев и специјалниот пратеник на Радев во Македонија, е супер упорен да одработи предавство во полза на Бугарија!

Со внимание ги проследивме прес-конференциите на СДС и настапите на Венко Филипче поврзани со ЕУ стремежите на Македонија. Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат. Прес-конференциите кои се одвиваат по принципот „сакам да кажам – не знам да речам“ се само одраз на површноста на специјалниот пратеник на Радев во Македонија Венко Филипче, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Пријава на Антикорупциската комисија против поранешни директори во ТЕЦ Неготино: земале и плата и апанажа рамна на 12 плати!

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управниот и на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино.

To top