Македонија

По изјавата за Гоце Делчев, Рубин Земон на средба со Виктор Стојанов, кој има доживотна забрана за влез во Македонија

Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Република Македонија и против кого пред два месеци беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ.

Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Република Македонија и против кого пред два месеци беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ.

За средбата објави самата фондација на социјалните мрежи.

„На неофицијална средба со Рубин Земон – дел од раководството на опозициската СДСМ и претставник на Египќаните во Република Македонија. На режимот на Мицкоски ќе му се спротивстават мнозинството граѓани на државата, а ние од Европската Унија ќе им дадеме поддршка: во име на европската иднина на Македонија и децата таму“, стои во објавата.

Средбата предизвика остри реакции во јавноста, особено поради спорните ставови и минатите активности на Стојанов, но и поради претходните изјави на Земон. Тој порано во јавноста изјави дека „Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас е мит направен“. По оваа изјава, Земон се извини, тврдејќи дека бил погрешно разбран.

Против Виктор Стојанов беше поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Од Агенцијата за национална безбедност тогаш соопштија дека пријавата следува по информации за субверзивно-пропагандни активности насочени кон поттикнување етничка и национална омраза.

Според Обвинителството, Стојанов преку специјално креирана Фејсбук-страница споделувал содржини со кои поттикнувал национална и етничка омраза и дискриминација. Во истрагата бил одземен и пропаганден материјал наменет за дистрибуција во Македонија.

Стојанов и претходно беше во центарот на вниманието. Пред три години тој упати закани кон Македонците од Пустец, предупредувајќи дека доколку не се попишат како Бугари на пописот во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top