Македонија

Срцето на СУГЦ „Никола Карев денес плаче: Нашите деца сонуваа за иднината, нивните животи згаснаа прерано

„Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано“ – пишува во објавата на СУГЦ „Никола Карев“. Од своите трагично загинати матуранти Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов и Адам Велков, кои ги загубија животите во страотната сообраќајка на скопската обиколница, трогателно се прости гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале.

„Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во којаме ги загубив нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите. Срцето на Карев денес плаче. Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано. Изразуваме најискрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските. Нека почиваат во мир“, објавија од СУГЦ „Никола Карев“.

Најнови вести од: Македонија

To top