Македонија

„Мали Фрчко“ со интересна теорија која е причината што СДСМ ги исклучи коментарите на социјалните профили (ВИДЕО)

Јон Фрчкоски, истакнат член на СДСМ, изјави дека партијата привремено ги исклучила можноста за коментари под објавите на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Јон Фрчкоски, истакнат член на СДСМ, изјави дека партијата привремено ги исклучила можноста за коментари под објавите на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Според него, оваа мерка била неопходна поради организирани и координирани напади од бот-профили и тролови за кои тврди дека се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Според Фрчкоски, се создаваат голем број лажни профили кои работат во смени „како фабрика“ и масовно шират навреди, лаги, говор на омраза и закани.

„Еден ден масовно напаѓаат еден профил, следниот ден друг“, рече тој.

Фрчкоски нагласи дека и самиот повеќепати бил изложен на навреди, закани и повици за физичко насилство.

„Целта е да се создаде впечаток дека сите се против нас. Затоа привремено ги исклучивме коментарите“, додаде тој.

Коментарите повторно ќе бидат овозможени кога, според Фрчкоски, ќе се создадат услови за нормална комуникација без токсична атмосфера и лични навреди.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top