Македонија

Барате правосуден испит на албански во држава чие знаме не го почитувате (ВИДЕО)

Зошто министрите на ДУИ не го решиле проблемот цели 20 години на власт

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната сесија пратенички прашања во Собранието зборуваше за полагањето на правосуден испит на албански јазик.

Тој ги праша пратениците на коалицијата на ДУИ зошто ниту еден нивни министер не го регулирал ова прашање додека ДУИ беше на власт 20 години.

Мицкоски се осврна и на македонското знаме кое го немаше на протестите за полагање на правосуден испит на албански.

Барате правосуден испит во држава чие знаме не го почитувате, забележа премиерот во обраќањето.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нема повеќе отстапки без резултати во евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Собранието истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, фокусирана на заштита на националните интереси и достоинството на државата.

„Мали Фрчко“ со интересна теорија која е причината што СДСМ ги исклучи коментарите на социјалните профили (ВИДЕО)

Јон Фрчкоски, истакнат член на СДСМ, изјави дека партијата привремено ги исклучила можноста за коментари под објавите на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Хрисохоидис: Добивме поплаки, но мора да се спроведе целосно системот за биометриска регистрација, ЕУ инсистира на тоа!

„Мора да ја спроведуваме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена.“ – посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини. Тој нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од С.Македонија и Србија.“ – јави Македонската информативна агенција-МИА од Атина.

Касами од Вреди се сретна со лидерот на албанските демократи Бериша во Тирана, заради „подобрување на меѓуалбанската соработка во регионот“

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на партијата Вреди Билал Касами, одржа средба во Тирана со поранешниот премиер на Албанија и лидер на Демократската партија Сали Бериша.

To top