Македонија

Милошоски: Лековерно е да се оди во уставни измени, а да нема извесност во процесот

Потпретседателот на Собранието во Дневникот на ТВ Сител го потврди цврстиот став на својата партија ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, во Дневникот на ТВ Сител уште еднаш го повтори цврстиот став на својата партија ВМРО-ДПМНЕ дека промена на Уставот е можна само со гаранции дека ќе води до членство во Европската Унија.

„Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да нè однесе во неизвесност и да бидат направени за нешто за коешто не може да ја постигнете целта. Ние веќе едни такви уставни измени имавме. Тогаш СДСМ и ДУИ ги промовираа како уставни измени во однос на уставното име на Република Македонија, дека тоа ќе ги отвори вратите на ЕУ, дека ќе има бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, беше таа една голема кампања, но видовме дека наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме затворена врата пред нос од страна на Франција, а потоа и од соседна Бугарија. Поучени од тоа искуство, сметаме дека би било лековерно да се оди во уставни измени, а притоа да немате извесност во процесот дека ќе си зачувате своја национална посебност и дека ќе стигнете до целта како полноправна земја членка на ЕУ“, изјави пратеникот.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top