Македонија

Шефицата на ОН во Скопје за 18 месеци станала Македонка (ВИДЕО)

Потекнува од Казахстан а има американско државјанство

Постојаниот координатор на Обединетите Нации во Македонија за само 18 месеци станала Македонка, открива Рита Колумбија во подкаст која го води младата и талентирана Анастасија Исјановска.

,,Јас дојдов во Македонија како постојан координатор на ОН во септември 2024 година. Тоа беше пред околу година и половина, но веќе се чувствувам како Македонка бидејќи сум толку вклучена во општеството и во животот на луѓето тука Се трудам да осигурам дека тимот на Обединетите нации во земјата како целина прави видливо и значајно влијание врз животот на секој човек тука, и секако, врз севкупниот одржлив развој на државата”, вели Колумбија во подкастот ,,Клиника за труд”.

Разговорот со Колумбија која е од Казахстан но има државјанство на САД е исполнет со визија и инспирација и во него Исјановска отвора значајни теми поврзани со правата, современите предизвици на трудот и еднаквите можности.

,,Ова не е само уште една епизода — туку простор за идеи, размислување и дијалог за подобро и поправедно општество.
Не ја пропуштајте оваа посебна приказна и важен разговор. Гледајте ја епизодата и бидете дел од промените што ги создаваме заедно”, стои во најавата ма подкастот со Исјановска.

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

To top