Македонија

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

Во подготовка се измени на Законот за нефер трговски практики со кои значително ќе се заострат санкциите за компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот. Според најавите, максималните казни би можеле да се зголемат десеткратно и да достигнат до 200.000 евра.

Од Министерството за економија и труд оценуваат дека досегашната примена на законот открила слабости кои овозможуваат дел од учесниците на пазарот да ги заобиколуваат правилата преку договорни механизми и различни деловни практики.

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири.

Според податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата, досега биле отворени околу 45 постапки поврзани со непочитување на законските одредби. За утврдените прекршоци биле изречени казни во вкупна вредност од околу 200.000 евра.

Со новите измени се очекува да се намали можноста за злоупотреба на доминантната пазарна позиција и да се воведат построги механизми за контрола на договорните односи меѓу трговците и нивните деловни партнери.

Покрај законските измени, Министерството најави и нов пакет мерки за вработување кој ќе стартува во наредниот период. Фокусот ќе биде ставен на младите лица до 29 години, невработените и ранливите категории граѓани, како и на лицата кои размислуваат да започнат сопствен бизнис или да се вратат од странство.

Од институциите велат дека целта е истовремено да се обезбеди поправеден пазар и поголема поддршка за економскиот развој и вработувањето.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

АХВ откри измама: Продавале „посно“ сирење, декларирано со 20 масленост

Со лабораториско тестирање на мостра од одземените 22 килограми ситно сирење, утврдено е дека биле декларирани 20 проценти млечна маст, а производот содржел само 1 процент, за што му е изречена парична казна од 3.500 евра

To top