Свет

Пиротехника на проба за парада предизвика паника кај коњите во Рим (ВИДЕО)

Според првичните информации, пиротехничките средства ги активирал сообраќаен полицаец без претходно одобрение.

Голем инцидент ја нарушил пробата за традиционалната парада по повод Денот на Републиката во Италија, откако неовластено активирање на пиротехнички средства предизвикало паника кај церемонијалните коњи.

Инцидентот се случил во петокот околу 23:30 часот во близина на античките Каракалини бањи, каде што се одржувала пробата за парадата на 2 јуни. Силните детонации ги исплашиле коњите, од кои околу 35 избегале и се разбегаа низ прометните улици на Рим.

Во настанатата паника, неколку јавачи паднале од седлата. Најтешко повреден е 22-годишен војник, кој се здобил со скршени ребра и прободено белодробно крило. Неговиот живот не е во опасност. Повредени се и околу 15 коњи, но ниту едно животно не било во толку тешка состојба што би наложило евтаназија.

Последниот коњ бил пронајден дури во раните утрински часови, на околу 14 километри од местото на настанот.

Командантот на римската полиција, Марио Де Склавис, изјави дека инцидентот сериозно го нарушува угледот на полицискиот корпус и најави строга истрага. Според првичните информации, пиротехничките средства ги активирал сообраќаен полицаец без претходно одобрение.

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

Најнови вести

To top