Македонија

Алијансата на Села стана „Албанска лига“

Денес започнува сoздавањетo ограноци, нивно зајакнување, стабилизација, создавање на сите движечки структури на таков начин што Албанската лига ќе стане силна, порача старо-новиот лидер

На Петтиот партиски конгрес, крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села официјално го промени своето име во Албанска лига.

Прогласувајќи го почетокот на нова политичка ера, Села им порача на партиските активисти дека претстои период на интензивна теренска работа и формирање нови подограноци.

„Албанската лига нема да седи со скрстени раце на овие тенденции за напаѓање на нашите права, напротив, ќе одговориме со напад. Бадентер во Уставниот суд, секој закон што ќе се изгласа со Бадентер во парламентот ќе се одлучува и во Уставниот суд. Само во оваа форма ќе имаме гаранција дека законите за кои за жал треба години за да се донесат, нема да ни ги соборат со една одлука во Уставниот суд.

Уште поголем напредок на Бадентеровиот принцип во платформата на албанското движење со дводомен парламент. Драги браќа и сестри, нè очекува работа, драги активисти, денеска почнува сè.

Денес започнува сoздавањетo ограноци, нивно зајакнување, стабилизација, создавање на сите движечки структури на таков начин што Албанската лига ќе стане силна, ние продолжуваме со нашите обврски, со високо кренати глави и отворени пред Албанците”. – рече Села. TV24

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Сѐ уште има опасна бактерија во водата во Гостивар, предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

„Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува.“ – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

ВМРО ДПМНЕ: СДС нудат нови идентитетски отстапки и национални предавства, за да бидат донесени на власт од странски агентури, како некогаш Заев!

„СДС на чело со Венко Филипче се препозна самиот дека е талогот кој, како сидро го влече народот во нихилизам (убедување дека нештата немаат никаква цел ниту значење – ред.заб.) и убивање на надежта. Се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства, само за да бидат донесени на власт од странски агентури“ – ги обвинува ВМРО ДПМНЕ лидерот Венко Филипче и неговите сопартијци.

Скандалозно писание на Буџови: „Илинденското“ востание ги штитеше бугарските интереси и беше во спротивност со проектот за создавање обединета Албанија?!

„Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси. Тоа беше во спротивност со интересите на албанското национално движење и барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата од Пеќ’ за создавање обединета Албанија.“ – ова го наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови во неговото противмакедонско писание во вид на некаква колумна. Toa беше објавено „пригодно“ нималку случајно токму вчера, на 2 август, на денот кога македонскиот народ го слави Илинденското востание, еден од најголемите државотворни празници во својата национална и политичка историја. Овие скандалозни наводи на Буџови се не само негов обид да се понижат македонскиот народ и македонската револуционерна борба за слобода, туку и намера да се прикажат како бугарски македонската историја и Илинденското востание – ставови на иста линија како и ставовите на официјална Софија.

To top