Македонија

Богоев важеше за можен наследник на Филипче а сега е во притвор

За сериозни злоупотреби при спроведување на јавен тендер со огромна корист

Поранешниот директор на Царинската управа и ексградоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, е приведен во полициска акција поради сомневања за финансиски криминал, корупција и злоупотреби со јавен тендер во Царинската управа.

Поранешниот директор на Царинската управа, ексградоначалник на Општина Карпош и висок функционер на СДСМ, Стефан Богоев, попладнево е приведен во голема полициска акција насочена против финансиски криминал и висока корупција.
Според првичните неофицијални информации објавени акцијата е поврзана со сомневања за сериозни злоупотреби при спроведување на јавен тендер во рамките на Царинската управа, со кој била стекната противправна имотна корист од големи размери.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал потврдуваат дека во координација со Управата за финансиска полиција се спроведува опсежна акција на терен. Постапката произлегува од претходна предистрага насочена кон откривање кривични дела извршени од службени лица.

„Под координација на ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата се уште трае“, изјавија кратко од Обвинителството за медиумите.

Богоев е еден од вкупно четирите лица кои се опфатени во рамките на оваа полициска операција. Истражните органи се сомневаат дека приведените ги искористиле своето влијание, општествена положба и углед за остварување лична корист на штета на државниот буџет.

Стефан Богоев важеше за еден од најистакнатите млади кадри во СДСМ. Во периодот од 2017 до 2021 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Карпош, по што беше назначен за директор на Царинската управа, а извесен период беше и потпретседател на матичната партија.

Повеќе детали и официјално соопштение од Управата за финансиска полиција и надлежното обвинителство се очекуваат по завршувањето на претресите и распитот на приведените лица пред судија на претходна постапка.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Премиерот го пречека претседателот на Европскиот совет во Владата

Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот се можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

(Фото): Антонио Кошта слета во Скопје

Во Скопје Кошта допатува од Тирана, а посетата ја почна од Сараево. Утре, Кошта ќе се упати кон Приштина, а в четврток ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора. На 5 јуни Кошта ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Се врши претрес кај Стефан Богоев поради истрага за сомнежи околу тендерски злоупотреби

Надлежните институции засега не откриваат повеќе детали за предметот, а во текот на денот се очекуваат официјални информации од Финансиската полиција и Обвинителството за конкретните сомнежи и за опфатот на истрагата.

Пелегрини: Поддршка за Македонија, и исти правила за сите

Словачкиот претседател Петер Пелегрини изјави дека Словачка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија како пријател, партнер и сојузник, но и дека проширувањето на Европската Унија мора да биде фер, предвидливо и засновано на исти правила за сите кандидати.

To top