Бизнис

Македонија со најевтино сместување за одмор во Европа

Просечниот дневен трошок за оваа намена во Македонија е 39,81 евра, покажува студијата на платформата AirDNA

Македонија е најевтината земја во Европа за сместување за одмор со просечен дневен трошок за оваа намена од само 39,81 евра, покажува студијата на AirDNA, платформа за податоци и аналитика за краткорочни наеми.

„Посетата на оваа земја често е одлука во последен момент, при што патниците резервираат сместување во просек 13 дена однапред. Туристите поминуваат во просек 4,4 ноќевања и имаат тенденција да го претпочитаат главниот град Скопјe, како и Охридското Езеро, кое нуди традиционално европско искуство покрај езеро по пониска цена отколку во поскапите делови на континентот“, се вели во делот од истражувањето за Македонија.

Веднаш зад неа на листата е Косово со коефициент на краткорочен наем (АДР) од 41,63 евра, трета е Молдавија со 45,49, четврта Србија со 51,17 и петта Босна и Херцеговина со 56,33 евра.

Најскапи се Монако, Исланд, Андора, Швајцарија и Обединетото Краластво.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top