Македонија

Со хуман третман против глутниците кучиња

Потребни се построги санкции во Законот за заштита и благосостојба на животните, како и мерки за контрола на репродукцијата

Ова го истакна професорот на Факултетот за ветеринарна медицина, Влатко Илиески, на панел-дискусијата „Систем, закони и реалност: Справување со уличната популација на кучиња“, организирана од ЈП „Лајка“.

Според Илиески, иако чипирањето на кучињата е законска обврска од 2018 година, околу половина од кучињата во Македонија сè уште не се евидентирани.

„Примарна цел треба да биде утврдување на вкупниот број кучиња. Градоначалниците мора да располагаат со точни податоци за бројот на кучиња на територијата на нивните општини“, нагласи Илиески.

Тој смета дека се потребни и построги санкции во Законот за заштита и благосостојба на животните, како и мерки за контрола на репродукцијата.

Директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, оцени дека Скопје е на добар пат кон решавање на проблемот со бездомните кучиња и изрази уверување дека за една и пол до две години резултатите ќе бидат видливи.

„Проблемот мора да се решава на хуман начин. И кучињата, како и луѓето, заслужуваат достоинствен живот“, изјави Димитровски.

Тој посочи дека во градот сè уште има глутници, но дел од нив веќе се третираат. Дополнителен предизвик, според него, е носењето кучиња од други градови, кои често не се социјализирани.

„Набавивме нова опрема за заловување на несоцијализирани кучиња и работиме на спречување на создавање нови легла“, додаде тој.

Во април биле третирани 138 кучиња, а планот е до крајот на годината бројката да достигне 2.000, со вклучување на сите расположливи ветеринарни друштва.

Поради ограничениот капацитет на прифатилиштето, „Лајка“ активно работи на вдомување и привремено згрижување на кучињата. Според Димитровски, меѓу 35 и 38 проценти од заловените кучиња веќе добиле нов дом, а упати и апел до граѓаните да покажат поголема подготвеност за вдомување.

Најчевска: Тргнете ги глутниците кучиња од улиците!

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top