Македонија

Град Скопје со 30 милиони денари ги проширува капацитетите на „Лајка“

Градоначалникот упати апел до граѓаните да бидат активен партнер во овој процес и секоја појава да ја пријавуваат, бидејќи само со заедничка акција може да се воспостави функционален и одржлив систем.

Град Скопје започнува сериозен, хуман и системски пристап за решавање на проблемот со бездомните кучиња преку значително проширување на капацитетите на ЈП „Лајка“. По преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, беше ставен крај на досегашната практика ЈП „Лајка“ да се користи за партиски вработувања, а фокусот е насочен кон вистинско и одговорно справување со проблемот кој со години се игнорираше.

Во програмата на градоначалникот е предвиден значаен фокус на ова прашање, при што се обезбедени 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите на ЈП „Лајка“ и создавање современи и хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. Станува збор за суштинска промена која има за цел да донесе конкретни и видливи резултати.

Ѓорѓиевски изјави дека нема да се дозволи Скопје да биде депонија за бездомни кучиња од други градови. Прашањето за нивното несовесно носење во главниот град е веќе отворено со надлежните институции, а со воведувањето на системот „Сејф Сити“ ќе се овозможи идентификација и санкционирање на сите прекршители.

Градоначалникот упати апел до граѓаните да бидат активен партнер во овој процес и секоја појава да ја пријавуваат, бидејќи само со заедничка акција може да се воспостави функционален и одржлив систем.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top