Македонија

Бугарија ја губи битката, Мартенс ја анализира пропаста на софиската ,,мека моќ” во Македонија

На сите им е јасно кој е виновен за катастрофалниот бугарски наратив во Македонија

Еден од најдобрите европски познавачи ма состојбите на Балканот и Југоисточна Европа Михаел Мартенс со два твита на социјалната мрежа Х поранешен Твитер дава прецизна анализа за пропаста на бугарската надворешна политика во Македонија во контекст на таканаречената ,,Мека моќ”.

За разлика од Романија која со умна политика создава пријатели меѓу граѓаните на Молдавија, новинарот на Франфуртер Алгемајне Цајтунг смета бугарската политика со своите потези создава анимозитет меѓу Македонците.

И покрај големиот број на медиуми и бугарски платеници во јавниот простор на Македонија поддршката на македонските граѓани за Бугарија е најмала во историјата, смета Мартенс кој сигурно знае колкави ресурси имаат бугарските пропагандни механизми во Македонија.

,,Додека романската мека моќ во Молдавија расте секоја година, па дури и претседателот на Молдавија поддржува обединување со Романија, меката моќ на Бугарија во Македонија е послаба од кога било досега. Тоа е разликата помеѓу паметна и не толку паметна надворешна политика”, пишува Мартенс.

Тој не негира дека во Македонија има елементи на антибугарски сентимент но смета дска тоа е очекувано со оглед на поведението на бугарските окупациони сили од 1941 до 1944 и сегашните чекори на Софија кои не се пријателски кон Македонците.

,,Несомнено, во македонските политики постојат елементи на антибугаризам. Но, во Првата светска војна, за време на окупацијата во Втората светска војна (бугарско соучество во холокаустот во Македонија и Тракија) или сега (во многу поинаква форма, се разбира), Софија многу придонесе за успехот на овие наративи”, смета Мартенс.

Концептот на ,,Мека моќ” (на англиски: soft power) е способност на една држава да влијае врз однесувањето и ставот на другите земји преку привлекување, убедување и симпатија, наместо преку присила, закани или економски притисок.

Терминот за првпат е воведен од американскиот професор по политички науки Џозеф Нај во 1990 година.

За разлика од „тврдата моќ“, која се потпира на воена сила и економски санкции, меката моќ ги освојува „срцата и умовите“ на луѓето ширум светот.

Фото: АИ илустрација

Најнови вести од: Македонија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање,

To top