Регион

Косово: По трет пат на избори за година и пол

Изборите доаѓаат по продолжена институционална криза, во која земјата подолг период остана без функционална влада и со блокирани клучни политички процеси

Косово денеска одржува предвремени парламентарни избори, трети за само 18 месеци, Откако политичките партии не успеаја да обезбедат стабилно мнозинство и договор за избор на нов претседател на државата, косовските граќани денеска излегуваат на трети вонредни парламентарни избори за помалку од година и половина.

Изборите доаѓаат по продолжена институционална криза, во која земјата подолг период остана без функционална влада и со блокирани клучни политички процеси.

Право на глас имаат нешто повеќе од два милиони граѓани.

Главниот фаворит и на овие избори е движењето Самоопределување на Албин Курти, кое на последните избори во декември освои 51,1 процент од гласовите. Сепак, и покрај изборната предност, Курти не успеа да обезбеди договор со опозициските партии за избор на претседател, што ја продлабочи политичката блокада и доведе до ново распуштање на парламентот.

Клучниот проблем останува потребното мнозинство за избор на претседател. Во косовскиот парламент, кој има 120 пратеници, за избор на шеф на државата е потребна поддршка од најмалку 80 пратеници.

Без договор меѓу власта и опозицијата, дури и евентуална нова победа на Самоопределување не значи автоматски излез од кризата.

Политичката нестабилност веќе има последици и врз европската агенда на Косово. Европските претставници во изминатиот период повикаа на формирање стабилни институции што ќе можат да ги спроведуваат реформите потребни за приближување кон Европската Унија.

Косово, кое прогласи независност во 2008 година, останува во сложена регионална позиција поради нерешените односи со Србија и ограниченото меѓународно признавање.

Дел од аналитичарите не очекуваат голема промена во распоредот на силите и о денешните вонредни избори, што значи дека и по гласањето главното прашање може да остане исто – дали политичките партии ќе успеат да постигнат компромис за формирање функционални институции.

Најнови вести од: Регион

Замрзнати банкарски сметки на компанија поврзана со луксузното одморалиште на Кушнер

Интервенцијата на обвинителството следува по деновите на интензивни јавни немири. Илјадници демонстранти маршираа низ главниот град Тирана во текот на викендот, скандирајќи „Албанија не е на продажба“

Влез во Грција привремено ќе може и без земање биометриски податоци

На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено или делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот

To top