Македонија

Втора сезона „Женски ритам“: Време е за отворен разговор, дури и на теми кои другите ги избегнуваат

Втората сезона на поткастот „Женски ритам“

Дали го слушате вашиот внатрешен ритам? Втора година по ред, dm drogerie markt преку својот поткаст „Женски ритам“ прави простор за отворена, искрена и информативна дискусија која ќе ѝ помогне на современата жена да пронајде одговори на прашањата со кои често се соочува. Од разговори за менструалниот циклус, па се’ до длабока внатрешна интроспектива која преиспитува се’ што сме знаеле за хормоните, емоциите и внатрешните процеси.

Во текот на новите шест епизоди од втората сезона на „Женски ритам“, водителката Живкица Каленикова разговара со врвни експерти од полето на женското здравје, нутрицијата, физичкото здравје, но и со психолози, писателки и жени од секојдневието, на темите кои сигурно ќе ги заинтрираат гледачите и особено жените кои сакаат да дознаат нешто повеќе за женскиот агол на светот во кој живеат.

https://youtu.be/9m4XiL5-PcE?si=kR9nYzx-kEvKtKPx

Оваа сезона започна со разговори за физичкото здравје или поточно физичката активност како дел од секојдневната грижа за себе, за веќе во втората епизода да се сврти навнатре и да ја натера секоја жена  да се увери каква убавина крие во себе.

Се чини дека животот на жената секојдневно се полни со се’ повеќе и повеќе обврски, па токму оваа „хронична зафатеност“ беше во фокусот на третата епизода од поткастот „Женски ритам“. А веќе во следната, четврта епизода, водителката и соговорничките разговараа за различните улоги на жената во современиот свет – колку од нив се вистински, а колку од нив се наметнати од општеството?

За менструалното здравје и понатаму се зборува тивко и скришно, иако тоа одамна требаше да престане да биде табу тема. Но, dm drogerie markt редовно ја акцентира оваа тема како многу важна во нашата заедница – не само преку проектот #НикогашПовеќеСама со кој донираше диспензери со бесплатни влошки за факултетите во земјата, туку и со отворен разговор за тоа што е менструална хигиена и како да се обезбеди менструална правда за секоја девојка во земјата.

Во петтата епизода се обработува токму менструалното здравје и неговиот ефект на животот на жената. Токму во оваа епизода може да се слушнат многу интересни размислувања на темата „Дали менструалниот календар ни го диктира животот?“. Ова претставува и добра најава за финалето на сезоната, кое ја обработува исклучително специфичната тема на плодност и предизвиците околу неа. Со голема храброст и одлучност, гостинките разговараат за емоционалните и физичките промени со кои се соочува жената и нудат корисни совети за подобро разбирање на плодноста и неплодноста.

https://www.instagram.com/dm_makedonija/reel/DMH9Uh5is4N/?hl=en

Втората сезона на поткастот „Женски ритам“ на dm drogerie markt ви носи повеќе од шест часа разговори и дискусии за прашања кои се дел од секојдневието на секоја жена, со цел да ја поттикне отворената и здрава дискусија во заедницата. Дури и на оние теми кои на прв поглед делуваат премногу деликатни…

Погледнете ги епизодите од втората сезона на поткастот „Женски ритам“, кои се достапни само на YouTube каналот на dm drogerie markt Македонија.

Најнови вести од: Македонија

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top