Македонија

Тошковски: Огромна осуда за какво било насилство во Македонија, нема толеранција за тоа, итно се постапува со случајот со бугарската амбасада!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје. „Осуда за какво било насилство спрема било кого во Македонија е логична. Насилство нема да дозволиме и нема да биде толерирано.“ – нагласи министерот. Во однос на мотивите за инцидентот Тошковски посочи дека во овој момент не може да сподели повеќе информации, но додаде дека постапката е во тек и се води согласно со законските процедури. 

Во одговор на новинарско прашање на потпишувањето на Декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите, Тошковски истакна дека ваквите настани се неприфатливи и дека институциите реагирале навремено. Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи брзо постапило во насока на расветлување на случајот, при што осомниченото лице било идентификувано и лишено од слобода.

– Лицето кое се сомничи за палењето на возилото е многу брзо идентификувано и обезбедено од страна на МВР, во соработка со Агенцијата за национална безбедност – информираше Тошковски. Според него, случајот се процесира во координација со надлежните институции, а од Обвинителството се очекува понатамошно постапување по итна постапка.

– Очекуваме во текот на денот да има соопштение од страна на обвинителството и од судот во однос на понатамошните чекори – рече министерот.

Тошковски повтори дека институциите имаат јасен став за ваквите појави, особено кога станува збор за оштетување имот на странски дипломатски претставништва. – Огромна осуда лично од моја страна и од страна на сите оние, пак ќе повторам, политички фактори во државава на било какво насилство, особено насилство насочено кон оштетување предмети коишто се во сопственост на соседна држава, особено таков тип на насилство треба да биде предмет на осуда и е предмет на осудата, потенцираше тој.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top