Македонија

По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон

„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија

„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Н.Е. Метју Лосон, кој оствари работна посета на компанијата и се запозна со нејзините производствени капацитети, развојни планови и извозни активности. За време на посетата, менаџерскиот тим и генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ги презентираа резултатите од развојот на компанијата во изминатите 80 години, актуелните инвестиции во производствени капацитети, како и стратешката определба за зајакнување на присуството на високо регулираните меѓународни пазари.

Посебен акцент беше ставен на неодамнешниот пробив на британскиот пазар, откако британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA) го одобри „Реконазол (ketoconazole) 2% шампон“, првиот медицински производ на „Реплек“ регистриран во Обединетото Кралство. Дополнително, во април годинава компанијата успешно го реализираше и првиот извоз на „Реконазол“ на британскиот пазар, што претставува значаен чекор во интернационалниот развој на „Реплек“ и дополнителна потврда за усогласеноста на производствените и регулаторните процеси со највисоките меѓународни стандарди. Генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, истакна дека британскиот пазар претставува една од најзначајните референци за секој фармацевтски производител.

„За ‘Реплек’, регистрацијата и првиот извоз на ‘Реконазол’ во Обединетото Кралство претставуваат значајна пресвртница во нашата стратегија за интернационализација. Фактот што успешно ги исполнивме строгите барања на британското регулаторно тело – MHRA претставува силна потврда за квалитетот на нашите производи, стручноста на нашите тимови и зрелоста на нашите производствени и регулаторни процеси. Посетата на амбасадорот Лосон е дополнителна потврда за важноста на ова партнерство и охрабрување за нашите понатамошни развојни планови на британскиот и на другите високо регулирани светски пазари“, изјави генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски.

Во оваа прилика, амбасадорот Лосон ги посети и дел од производствените погони на „Реплек“, каде беше запознаен со современите технолошки решенија, високите стандарди за квалитет и безбедност, како и со континуираните инвестиции во модернизација и развој на производството. За време на средбата беа дискутирани и можностите за понатамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и потенцијалот за натамошно зајакнување на присуството на производите на „Реплек“ и останатите македонски компании на британскиот пазар.

„Реплек“ во континуитет инвестира во унапредување на системот за квалитет, производствените капацитети и развојот на нови производи. Компанијата неодамна по петти пат го доби сертификатот EU GMP, потврдувајќи ја својата усогласеност со највисоките европски стандарди за добра производствена пракса, квалитет и безбедност. Производите на „Реплек“ се присутни на повеќе од 25 пазари ширум светот, а извозот претставува еден од клучните двигатели на растот во рамки на новата развојна фаза „80+“.

Најнови вести од: Македонија

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top