Македонија

Приведен е Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ

Според неофицијални информации, во истрагата се опфатени уште 15 лица и три компании.

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, е приведен во рамки на поширока истражна постапка што ја спроведуваат надлежните институции.

Според неофицијални информации, во истрагата се опфатени уште 15 лица и три компании.

Истражните органи денеска извршија претреси на повеќе локации, при што беа обезбедени докази. Неофицијално, при претрес во домот на Ѓорѓиоски биле пронајдени поголеми парични средства во готовина, кои ќе бидат предмет на понатамошни проверки.

Засега не се соопштуваат официјални детали за кривичните дела за кои се води постапката, ниту за улогата на осомничените лица и компании.

Од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Илчо Ѓорѓиоски беше на чело на Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 2012 до 2018 година.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top