Хроника

Во Скопје, Тетово, Кичево и Струга приведени 11 лица – кај нив била пронајдена дрога!

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ Македонија уапсија 11 лица, кај кои била пронајдена дрога. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 17.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(30), В.С.(26) и Љ.С.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ризли. На 17.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при преглед кај осуденикот И.Т.(43) од Скопје на влез во установата, кој се вратил од отсуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети.

На 18.06.2026 во 01:10 часот на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ц.В.(18) од струшкото село Ташмаруништа затоа што при преглед кај него се пронајдени и одземени марихуана и други предмети. На 17.06.2026 во 22:50 часот на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода М.Т.(24), Б.В.(25) и О.К.(25), сите од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале и притоа се пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

На 18.06.2026 во 01:40 часот во с.Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Г.Ќ.(29) и И.М.(28), двајцата од с.Милетино, општина Брвеница. При извршен преглед на паркирано патничко возило „поло“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. На 17.06.2026 во 22:10 часот во близина на клучката Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишија од слобода 17-годишен малолетник од с.Копачиндол, општина Желино. При преглед на патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, во кое тој бил сопатник, кај него била пронајдена и одземена марихуана.


Најнови вести од: Хроника

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Според полицискиот билтен, синоќа околу 20 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.

To top