Македонија

Ќе има мерки за дисциплинирање на корисниците на електрични тротинети

„Ќе одиме со заострување на казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите“, изјави министерот за внатрешни Панч Тошковски

Се подготвуваат законски измени со кои ќе се регулира користењето на електричните тротинети и ќе се зајакне безбедноста во сообраќајот, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изработени врз основа на препораките на експертите и стручните служби на Министерството за внатрешни работи.

Според Тошковски, измените ќе предвидат построги правила и санкции за управување со електрични тротинети, со посебен акцент на младите учесници во сообраќајот.

„Ќе одиме со заострување на казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите“, изјави Тошковски.

Тој нагласи дека анализите покажуваат оти најголем број несреќи со електрични тротинети се регистрираат кај младите лица, најчесто до 17 и 18 години.

Како проблеми ги посочи возењето без кацига, непочитувањето на сообраќајните правила и користењето на тротинет од две или повеќе лица истовремено, што често доведува до сериозни последици.

Министерот најави дека дел од измените ќе опфатат и зголемување на минималната старосна граница за управување со електрични тротинети, со цел подобра заштита на младите и намалување на ризиците во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека покрај законските мерки, неопходна е и поголема одговорност кај граѓаните и доследно почитување на сообраќајните прописи.

Најнови вести од: Македонија

Се засилува фронтот против незаконското трошење на народните пари

Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните, изјави Димитриеска Кочоска по потпишувањето на меморандумот.

Ако може плажа на Сена во Париз, зошто не на Вардар во Скопје?

Водата од реката Вардар се употребува за наводнување на дел земјоделски површини со што се загадуваат земјоделските производи, а тоа влијае на здравјето на луѓето што ги консумираат, пишува професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Ристто Цицонков.

Рамиз Мерко и претходната власт СДС-ДУИ во Струга оставиле долг од 55 илјади евра за превоз на учениците

Долгот кон превозниците е направен од времето на претходниот градоначалник Рамиз Мерко и претходната власт на ДУИ и СДСМ. Сегашниот градоначалник Менди Ќура мора да го плати, ако сака превозниците да ги возат учениците оваа учебна година

Мицкоски: Уставот нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани, па и за бугарската заедница, но што правиме со македонската заедница во Бугарија?!

Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита на правата за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница.

Јаневска: Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација!

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во Охрид.

Во Македонија сите заедници, меѓу нив и бугарската, се заштитени со Уставот

Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница. И тоа не го зборувам само јас, туку тоа го зборува и Советот на Европа – рече премиерот Мицкоски

Мицкоски: Имаме трипати повеќе резултати од претходната влада, но подготвени сме за предвремени избори, ако мисли опозицијата дека се потребни!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

Најнови вести

To top