Македонија

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје. На почетокот на настанот, присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја истакна важноста на здравствената едукација и превенцијата, нагласувајќи дека Општината и во иднина ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи од значење за здравјето и благосостојбата на граѓаните.

Настанот привлече бројна публика, а особено радува големиот број присутни жени кои со своето учество покажаа дека за оваа важна тема треба да се зборува отворено, гласно и без предрасуди. Преку едукативното предавање на д-р Катерина Китановска, примариус специјалист по радиодијагностика, присутните имаа можност да добијат значајни информации и корисни совети за превенцијата, редовните прегледи и важноста на раното откривање на ракот на дојката.

Посебен белег на настанот беше активната интеракција меѓу публиката и докторката. Големиот број прашања, отворената дискусија и споделените совети придонесоа за подетално информирање и поголема свесност за значењето на навремената грижа за здравјето.

 

Преку ваквите иницијативи, Општина Карпош продолжува да ја поттикнува здравствената едукација, да ја поддржува превенцијата и да создава простор за разговори што можат да направат вистинска разликa.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Стојаноски: Уште во 2023-та Владата на СДСМ дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

Постои официјална одлука објавена во Службен весник број 123 од 2023 година, со која тогашната влада предводена од СДС, дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка“

Мицкоски: Стојам на ставот дека Алта банка е апсолутно ликвидна

Премиерот посочи дека со чекорите кои се направени и тие кои следат се заштитува интересот и на граѓаните и на државата и ќе се дојде до решение во кое оваа банка нема да банкротира како Еуростандард во време на СДСМ.

Мицкоски: Успехот на секоја компанија е успех за целата држава

Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари, вели премиерот

To top