Македонија

Минчев: Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец?

Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното барање биде Гоце Делчев?, прашува министерот за јавна администрација и ген-сек на Движењето ЗНАМ

, порача

Министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев, во гостувањето во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ порача дека Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не такво „решение“ кое ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет.

Како што рече, прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случи потоа. „Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното барање биде Гоце Делчев? Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец?“ праша Минчев.

Тој нагласи дека Македонија не може да прифаќа процес без гаранции дека после едно исполнето барање нема да следуваат нови.

„Ние имаме ситуација каде што од бугарска страна постојат ставови дека Македонците постојат по 1945 година или дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Тоа не се само историски прашања, туку прашања што го допираат темелот на македонскиот идентитет“ рече Минчев.

Минчев го постави и прашањето како може Македонија да прифаќа определени толкувања на историјата, а да се игнорираат настаните и жртвите.

„Пред неколку дена бев во Ваташа, каде што оддадовме почит на 12-те младинци, жртви на едено тешко историско злосторство. Тоа било масакр, трагедија која народот не ја заборава. И замислете перверзија. Венко Филипче и СДСМ полагаат цвеќе таму, а во исто време велат дека ако Бугарите се внесат во Уставот, треба да се признае дека биле „бугарски администратори“, а не окупатори.“ истакна Минчев.

Според него, Македонија не може да дозволи европскиот процес да значи прифаќање на тези со кои се оспорува македонската посебност.
„Не може да се бара од нас да прифатиме дека нешто што е дел од нашата историја и идентитет е предмет на преговарање. Ние мораме да најдеме начин да излеземе од оваа состојба, но тоа не значи да излеземе по секоја цена. Македонија мора да оди кон Европската Унија, но како рамноправна држава, со свој јазик, историја и идентитет“ порача Минчев.

 

Најнови вести од: Македонија

Кекеновски: Македонија ќе продолжи да постои со својот јазик, историја и идентитет, и покрај националистичката агенда и политичките притисоци на Радев и Софија!

„Веќе со години официјална Софија ја злоупотребува својата позиција во Европската Унија, за да наметнува билатерални историски, јазични и идентитетски услови кои немаат никаква врска со европското право, ниту со Копенхагенските критериуми. Но Румен Радев и Софија нема да можат да ја прекројуваат македонската историја и да ја редефинираат македонската национална свест на македонскиот народ! Бугарија се обидува да ја европеизира сопствената национална агенда, а Радев повторно се обидува да ја продава старата политичка приказна како нова европска вистина. Неговата порака дека ‘Мицкоски има проблем со Европската Унија, а не со Бугарија’ е пример за политичка манипулација, во која причината се претставува како последица, а виновникот како судија.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Радев повторно ја вергла истата плоча – овој пат во името на Европа“, која ја објави „Плус инфо“.

Петрушевски: Филипче и Заев ветуваа живот за сите а донесоа уништување на се што е македонско

Желбата за власт толку го ослепила Филипче, што не гледа ништо пред себе и се спротивставува на државните интереси и согласен е на нови идентитетски отстапки и национални предавства

Важно е колку животи ќе се подобрат, а не колку страници ќе се напишат

Денес повеќе од кога било е важно Македонија да биде препознаена како држава која не нуди само поволна географска положба, туку и стабилност, предвидливост, квалификувана работна сила и јасна развојна визија, дециден е Мицкоски

Најнови вести

To top